еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ незадоволен од околностите што го спречија доаѓањето на Лавров во Белград

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на средба со амбасадорот на Руската Федерација, Александар Боцан-Харченко изрази незадоволство од околностите што го спречија доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави дописникот на МИА од Белград.

Амбасадорот Боцан-Харченко го информираше Вучиќ за причините за откажување на посетата на Лавров, дека тој бил спречен да дојде, бидејќи авионот на руската влада не ги добил потребните дозволи за летање на релација кон Белград, предавајќи соодветни документи за тоа.

Како што соопштија од прес службата на српскиот претседател, Вучиќ „изразил незадоволство од околностите што го спречија доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Лавров“.

-Србија и покрај се ќе ја чува независноста и автономијата во политичките одлуки, ќе го продолжи европскиот пат со негување на традиционалните пријателски и партнерски односи со земјите на сите континенти и ќе ја зачува воената неутралност, се наведува во соопштението.

На состанокот било речено дека наскоро се очекува да се одржи средба на шефовите на српската и руската дипломатија Никола Селаковиќ и Сергеј Лавров.

Вучиќ и амбасадорот Боцан-Харченко разговарале и за бројни теми од билатералните односи меѓу Србија и Русија, при што била истакната потребата од подетални разговори на сите нивоа.

Вучиќ во текот на денот ќе и ги објасни на српската јавност деталите поврзани со посетата на министерот Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров за одложувањето на посетата на Србија: Одлука без преседан, нашите односи со Белград никој нема да ги уништи

МИА/Фото: Вучиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дерматолозите и фармацевтите се запознаа со Еуцерин Епигенетик серумот, кој ги буди заспаните гени на младоста, и придонесува кожата да добие помлад изглед

Редакција

Досега попишани 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови

Редакција

Ќе има ли кратење на платите во јавниот сектор: Што предвидуваат владините мерки за штедење?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница