еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вучиќ од Охрид: Ковачевски добар домаќин кој сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот

Му се заблагодарив на мојот пријател Димитар Ковачевски, за тоа што, како добар домаќин сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм по денешната средба со премиерот Ковачевски во Охрид.

„Северна Македонија е токму пример за земја која сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог, со цел напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните.

Преку решителни чекори Северна Македонија обезбеди пред сѐ безбедност и континуиран развој, и од заробена и изолирана држава, денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи,“ велат од Владата.

Вучиќ и Ковачевски се согласиле дека мирот не само во двете земји, туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е битен за подобрување на односите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски-Курти: Дијалогот е единствената алатка за решавање на отворени прашања, регионот заслужува да се движи напред

Ковачевски ги пречека Борел и Лајчак во Охрид: Местото на Западен Балкан е во ЕУ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Османи потврди дека деновиве се разменуваат ноти и документи помеѓу Македонија и Бугарија

Редакција

Нови 198 случаи на Ковид-19 од 1.996 тестови, 31 се реинфекции

Редакција

Од денеска нови мерки во Грција: Во кафулиња, ресторани, спортски сали влез само за вакцинирани и прележани од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница