еМагазин
Македонија

Вулнет Мурсели кандидат за градоначалник на Тетово од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива

На денешното Собрание на тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците беше избран Вулнет Мурсели за кандидат за градоначалник.

Членовите на Собранието гласаа помеѓу двајцата кандидати, Вјолца Бериша и Вулнет Мурсели.

-Тетово ја сака промената и заедно со граѓаните на Тетово мора да го запреме исмевањето и потсмевот на овие луѓе кои раководеа долги години со Општина Тетово.

Алијансата за Албанците на изборите во Тетово гледа како на битка за враќање на достоинството на градот на два универзитети, градот со големи промени и градот кој е најпогоден од актуелната власт СДСМ-ДУИ.

Од денеска ги започнуваме подготовките за реализација на проектите за развој на Општина Тетово, заедно со другите општини во кои Алијансата за Албанците ќе победи убедливо на изборите на 17 октомври, истакна претседателот на партијата, Зијадин Села, пред членовите на Собранието.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети: Изборниот процес помина според очекуваните стандарди

Редакција

Скопјанец објави дека е заболен од корона вирусот на Фејсбук: „Седете дома“

Редакција

Од Ковид-19 починале 25 лица, 23 имале коморбидитети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница