еМагазин
Image default
Македонија

За Ахмети, Пописот е успешен

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на својот Фејсбук напиша дека Македонија по 20 години има појасен увид во врска со целокупното население и процентот на заедници во државата.

-Албанците се 29,5% во општата популација и 24,3% во резидентно население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година).

Им честитам на сите институции кои беа вклучени и помогнаа Пописот, како процес кој започна во март минатата година со дијаспората, кој во септември заврши со регистрација на населението во државата, напиша Ахмети.

Наведува дека тоа е процес и предизвик, но “успеавме да го завршиме со успех“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците: Резерви за веродостојноста на Пописот, ги анализираме резултатите

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките од пописот се поразителни, а операцијата некомплетна

За СДСМ Пописот е исклучително успешен и спроведен согласно закон и сите правила на Евростат

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Забрана за посета на гробишта освен за погреби во цела држава

Редакција

Вкупно 1.164 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, починале осум

Редакција

По две месецa пауза продолжува судењето за „Титаник”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница