еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За Царинската управа скопскиот аеродром се уште се вика „Александар Велики“

Царинската управа деновиве распиша оглас за вработување на 58 лица на различни локации во земјава, а меѓу нив и тројца цариници во отсек за патнички промет во царинска испостава Аеродром Александар Велики Скопје, виш цариник во отсек стоков промет во царинска испостава Аеродром Александар Велики Скопје и цариник во отсек стоков промет во царинска испостава Аеродром Александар Велики Скопје во царинарница Скопје.

Се наметнува прашањето дали во Царинската управа намерно не ја почитуваат владината одлука за преименување на аеродромот од почетокот на годинава кога беше соопштено дека новото име е Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport) или пак станува збор за ненамерен пропуст на службениците кои ги распишуваат огласите.

Како и да е овој пример покажува каква е ефикасноста на институциите при спроведувањето на владините одлуки.

Инаку, промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос.

Скопскиот аеродром беше преименуван во „Александар Велики“ на 27 декември 2006, со владината одлука, на чело со тогашниот премиер Никола Груевски. Всушност, со таа одлука почна процесот кој во македонската јавност е именуван како „антиквизација“ на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царинската управа распиша оглас за вработување на 58 лица

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема поддршка во Советот на ЕУ за португалскиот предлог за Скопје и Софија

Редакција

(Видео) Мајстор од БиХ стана хит на Интернет: Откако не му платиле, искрши се што направил

Редакција

(Видео) 43 загинати во железничката несреќа во Грција, масовен протест во Атина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница