еМагазин
Image default
Локално

За четири часа откриени седум комби превозници без лиценци за јавен превоз во Тетово

Претпладнево во периодот од 6 до 10 часот, откриени се седум возила, претежно комбиња и минибуси, кои превезувале патници од Тетово кон Скопје, а кои не ги поседувале потребните документи и пред се лиценци, соопшти СВР Тетово.

-На сопствениците на овие возила ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно Кривичниот законик и член 284 (н.з нелојална конкуренција во работи на надворешно-трговскиот промет), во кои се предвидени ригорозни казни.

Сите мерки се планирани и координирани од Јавен обвинител и со несмален интензитет ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се воспостави поголем ред и безбедност во јавниот превоз на подрачјето и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа област, информираат од СВР Тетово.

Овие активности се спроведуваат од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Отсекот за економски криминал.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за гостиварецот кој се обиде да силува сосетка

Редакција

Во Скопје санкционирани 339 возачи

Редакција

Скопјанец физички нападнал полицаец кој сакал да го легитимира

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница