еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

За да ги ограничат цените, членките на Меѓународната агенција за енергетика пуштаат на пазарот 20 милиони барели нафта од резервите

Членките на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) одлучија да продадат 120 милиони барели нафта од резервите за да ги ограничат цените кои нагло пораснаа по руската инвазија врз Украина, изјави директорот Фатих Бирол.

– МАЕ колективно ќе стави на располагање вкупно 120 милиони барели нафта од резервите (вклучувајќи 60 милиони барели што ќе ги додадат САД како дел од поширокиот план за продажба од Стратешките нафтени резерви), напиша Бирол на Твитер.

САД во март соопштија дека во следните шест месеци на пазарот ќе пласираат вкупно 180 милиони барели нафта од резервите, најмногу од нивното формирање.

Другите членки на МАЕ, исто така, најавија заедно најмногу барели откако агенцијата почна да ја координира продажбата. Досега тоа го направиле во четири наврати.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промената на Уставот е прв чекор кон интеграцијата на Македонија во ЕУ, Билатералниот протокол не е доволна гаранција, вели Радев

Редакција

Литванија прва земја-членка на ЕУ што прекина да увезува руски гас

Редакција

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Потпреседателката Дитмире Шеху пријавила два стана, ама не кажала чиви се

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница