еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За два денари поскапуваат нафтените деривати

Од полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од РКЕ објаснуваат дека зголемувањето се должи на порастот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на одлуката донесена во понеделникот.

Според новата одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 за 86,5 денари, на дизелот 74,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 73,5 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,337 ден/кг која сега ќе изнесува 42,338 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали за убиството во Битола: Притвор за дедото кој во домот го застрела неговиот поранешен зет

Редакција

Компаниите бараат до 30 јуни во тековната година да знаат за сите даночни промени

Редакција

Во 40 земји потврдени над 81.000 случаи на заразени со новиот коронавирус

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница