еМагазин
Image default
Локално

За еден ден фатени 33 лица без возачка дозвола во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол, 18 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 за користење на мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло).

„Изречени се 85 мерки за непрописно паркирање и 18 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на  заштитна маска изречени се 22 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина маж откако со „југо“ излетал од пат

Редакција

Малолетно девојче нападнато од наставничка

Редакција

Тешко повреден велосипедист по удар од „Ауди“ во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница