еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

За еден месец трговската размена меѓу Кина и Русија пораснала за 12,76%

Кинеската трговска размена со Русија минатиот месец бележи значаен пораст, во услови кога официјален Пекинг отворено ги критикува санкциите што Запад ги воведе против Москва заради инвазијата врз Украина.

Податоците на кинеските царински служби покажуваат дека минатиот месец севкупната трговска размена со Русија се зголемила за 12,76 проценти на 11,67 милијарди долари.

Споредбено со првиот квартал минатата година, тоа е пораст за над 30 отсто.

Русија е главен извезувач на нафта, гас, јаглен и земјоделски производи во Кина.

Пекинг засега одбива да ги нарече руските активности во Украина како инвазија и постојано ги критикува „нелегалните“ санкции на западните држави против Москва.

Пред самиот почеток на воената интервенција во Укрина, Кина и Русија прогласија „неограничено“ стратешко партнерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската економија годинава ќе падне за 10%

Драстично расте инфлацијата во Русија, до крајот на годината може да стигне 20%

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Општина Штип вработува шест лица, плата до 37.000 денари

Редакција

Македонската компанија „Сајтрокс“ под санкции на САД

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница