еМагазин
Image default
Македонија

За една недела 104 деца до 9 години заболеле од Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 1 до 7 февруари покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 во Македонија има кај лицата на возраст од над 60 години.

“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.026, 23,0%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=895; 20,1%), 40-49  (n=803; 17,8%), 50-59 (n=778; 17,4%) и 20-29 (n=626; 14,0%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=104; 2,3%) и 10-19 години (n=231; 5,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.260 (50,6%) лица од женски и 2.203 (49,4%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.895 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемен за 2,2 пати во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум лица биле на возраст од 30 до 59 години: За една недела 57 смртни случаи од Ковид-19

Зголемување од 23%: За една недела 4.463 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Редакција

Штипјанец и двајца кочанци завршија во државен карантин поради непочитување на мерките за изолација

Редакција

(Видео) „Ако утре ме нема, тажни да не ве гледам“, пееше Андреј, групата ДНК загуби седум членови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница