еМагазин
Image default
Македонија

За една недела 116 деца до 9 години заболеле со Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 8 до 14 март 2021 година, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

„Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.434, 26,3%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.064; 19,5%), 40-49 (n=977; 17,9%), 50-59 (n=916; 16,8%) и 20-29 (n=698; 12,8%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=116; 2,1%) и 10-19 години (n=251; 4,6%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 29,7% во споредба со минатата недела“, се вели во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемување од 22,2%: За една недела 5.456 нови случаи на Ковид-19

19 лица биле на возраст од 40 до 59 години: За една недела 129 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На судењето за„Насилство во Центар“ се гледаа видеа од протестите пред Општина Центар

Редакција

СДСМ формираше работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Редакција

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Крушопек

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница