еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За една недела 86 деца до 9 години заболеле од Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 27 септември до 3 октомври покажуваат дека се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.

„Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=738, 27,6%).

Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=86; 3,2%).

Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, кое се движи од -1,6% кај лицата од 50-59 години и над 60+ години до -30,6% кај возрасната група од 0-9 години.

Најголемо процентуално намалување се забележува кај помладата популација, односно кај лицата од возрасните групи од 0-9, 10-19 и 20-29 години.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.323 (49,6%) лица од машки и 1.347 (50,4%) од женски пол.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.681 лице кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, намалување од 26,4% во споредба со минатата недела„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела од Ковид-19 починале 85 лица, најмногу од Скопје, 35

Раст од 21,9%: За една недела 39 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Јанева ја масираат на плажа во Калитеа

Редакција

Историја на расколи: Ќе се родат ли нови партии со предзнакот ВМРО?

Редакција

„Тежок тендер“: „Бапал“ ќе ги чисти објектите на државната управа за 204 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница