еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Ковачевски Џамбаски и Костадинов биле маргинални ликови, МНР соодветно реагирала

Станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава, а јас претставувам Влада кој комуницира со Владата на Бугарија со која имаме комуникација на многу повисоко ниво од она што беше во минатото, изјави денеска премиерот Ковачевски во однос на изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание Костадин Костадинов на чествувањето за Мара Бунева во саботата во Скопје.

– Иако станува збор за политички маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност. Токму тоа им е и единствената цел, да провоцираат и да ги поткопуваат напорите на С Македонија и Бугарија да продолжат во духот на соработка и одржување на позитивен дух во билатералните односи, изјави Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека целта на секој политички маргиналец е да стане популарен преку вакви активност и затоа тој нема намера да има ја исполни желбата да бидат сензација и да станат популарни, кога не се популарни ниту во сопствената држава Бугарија.

Тој посочи дека Министерството за надворешни работи соодветно реагираше на овие изјави со нота до Софија во која ваквите постапки точно ги адресираше како закана по добрососедските односи.

– МНР од официјална Софија веќе побара да се огради од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на С Македонија и сериозно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји, додаде Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Бугари во Скопје на панихида на Мара Бунева, Џамбаски порача дека Македонија била бугарска

И Костадинов дојде за панихидата за Мара Бунева во Скопје и “испрати“ честитка од вториот бугарски главен град

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алсат-М лани со најголема добивка, колкава е добивката на Сител, Канал5, Алфа и Телма

Редакција

78% од хоспитализираните со Ковид-19 од август до ноември не биле вакцинирани

Редакција

Минатата недела бројот на заболени со Ковид-19 пораснал за 8,5%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница