еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

За Москва судирот на американски дрон и рускиот воен авион е провокација

Москва смета дека инцидентот со руски борбен авион „Су-27“ и американско воено беспилотно летало над Црното Море е провокација, соопштија синоќа руските државни медиуми, повикувајќи се на изјавата на амбасадорот на Русија во Вашингтон, Анатолиј Антонов.

-Овој инцидент го сметаме за провокација, рече Антонов откако беше повикан од американскиот Стејт департмент.

Американски воен дрон „MQ-9“ се урна вчера попладне во Црното Море откако руски авион „Су-27“ го погоди неговиот пропелер, соопшти Пентагон, што е прв ваков инцидент по руската инвазија врз Украина од пред повеќе од една година.

Русија негираше каков било контакт и рече дека дронот се урнал по „остар маневар“.

Руските медиуми пренесоа дека Антонов изјави дека неговата средба во Стејт департментот била „конструктивна“ и дека не е отворено прашањето за можни „последици“ за Москва по иницидентот.

-Што се однесува до нас, ние не сакаме каква било конфронтација меѓу САД и Русија. Ние сме за градење прагматични односи за доброто на рускиот и американскиот народ, рече Антонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За САД судирот на амеркански дрон и рускиот воен авион е непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување на Русија

Руски воен авион се судри со американски дрон над Црното Море

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Скопје ќе го добие првиот Retail Park во јуни

Редакција

Корона вирусот стигна и до племињата во Амазонија

Редакција

Заев по состаноците на раководството на СДСМ: Останувам да помогнам да се стабилизира мнозинството и ако може да се зголеми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница