еМагазин
Македонија

За околу две недели ќе стигне терапија, специфично антитело наменето за лекување на Ковид-19, најави Филипче

За оваа болест за жал се уште нема терапија освен една што за период од околу две недели ќе стигне во нашата земја, а тоа е она специфично антитело што е наменето специјално за оваа болест заради тоа што се врзува таргетирано токму за вирусот, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со смртноста од Ковид-19, рече дека има земји кои имаат поголема смртност од нашата, дури и во некои земји во регионот Бугарија, Босна, Словенија, итн.

– Во секој случај секогаш кога има нов бран и зголемен број на случаи на новодијагностицирани се случува да расте и смртноста. Ние не сме исклучок, тоа е буквално правило насекаде.

Тоа што можам одговорно да го кажам е дека во консултација и координација на сите директори, на сите експерти, инфектолози, специјалисти по интерна медицина им се пристапува на сите пациенти максимално професионално, се дава се што треба во однос на терпаевтскиот пристап што е унифициран и се темели на принципите на лекување што владее буквално во сите земји во светот, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по пристигнувањето на 20.000 вакцини „Спутник“ пред Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Пари за плати за здравствените работници има, сајбер-нападот е да се направи блокада на клучните витални системи во државите

Редакција

Детален преглед на состојбата со пациенти заболени со Ковид-19 по болниците

Редакција

Француски медиуми: Заев поднесе оставка поради блокирање на евроинтеграциите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница