еМагазин
Image default
Бизнис

За рудникот во Иловица ќе се расправа на следната владина седница

Владата денеска го задолжи Министерството за економија на првата наредна седница, односно наредниот вторник да ја информира Владата за сите управни и судски постапки, одлуки, заклучоци и информации за локалитетот Иловица, наназад од 2012 година, па се до денеска, информира вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Тој на денешната прес-коференција во Владата по потпишувањето на новиот општ колективен договор за јавниот сектор, одговарајќи на новинарско прашање појасни дека министерството ќе информира за се што е поврзано со експлоатација на минерални суровини, руди на бакар и злато.

-Се што е поврзано со експлоатацијата на минералните суровини, руди на бакар и злато на локалитетот Иловица штом Министерството реферира со сите податоци, велам уште еднаш управни и судски постапки кои се водени, тие веднаш ќе се споделат, не само со Владата, туку и понатаму со медиуимте и граѓаните, истакна Битиќи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ММФ ја „потсети“ Владата на ризиците од нелогичното зголемување на минималната плата и пензиите

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во декември лани

Редакција

Земјоделците го демантираат МЗШВ: Цената на пченицата максимум 8,5 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница