еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За седум лица од Клиниката за онкологија се водат финансиски истраги, откри Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на втората седница на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија, информираше дека се водат финансиски истраги за околу седум лица од Клиниката.

– Секој за кој ќе се утврди вина, ќе треба не само да биде во притвор, туку и да носи одговорност пред надлежниот суд и на крајот да биде осуден. Досега постапувавме по неколку наредби за обезбедување на докази и паралелно за повеќе лица веќе се водат и финансиски истраги.

За околу седум лица покрај кривичната истрага се води и финансиска истрага во однос на овој процес. Доказите се обезбедени, одземени се електронските уреди, одземени се здравствените картони и на тоа што го пишува во документите и она што е во електронските уреди не може да влијае никој. Тоа е непобитен факт, изјави Спасовски, одговарајќи на прашање поставено од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Спасовски информира дека во времето додека Беким Сали бил министер за здравство не е пријавено ниту едно кривично дело во Основно јавно обвинителство или МВР за Клиниката за онкологија.

-Првото дејствие го преземаме на 1.9.2023 година, кога сосема друг е министер. Ниту претседател на државата, ниту премиер, ниту некој друг не може да изврши притисок на ова што го работиме и да ги негира доказите кои што сме ги обезбедиле со Основното јавно обвинителство, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР уште во 2012 поднела кривична за тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството не презело ништо, изјави Спасовски

Поранешниот министер Сали незнаел дека Клиниката за онкологија располага со Като систем

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести со препорака до Владата од утре да се воведат тестови за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Редакција

Метлата на Заев ќе зафати министри, заменици и директори, а промени ќе има и во СДСМ

Редакција

(Галерија) Elixy Fashion Night: Модна ноќ на ѕвезди во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница