еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

За секој предлог од ЕУ во врска со Македонија, ќе треба да се произнесе бугарското Собрание, најави Петков

За прашањето за С.Македонија мора да одлучуваат само бугарските пратеници, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред почетокот на редовна владина седница, додавајќи дека Владата ќе расправа за одлука со која се предвидува за сите предлози од француското претседателство со Европскиот совет или од земја членка на ЕУ за темата со земјава да се расправа на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.

– Секој предлог што се разликува од рамковниот став треба веднаш да се испрати до Народното собрание и да не се дава согласност додека се разговара по него. Доколку има негативна одлука, автоматски да се даде негативен одговор, нагласи Петков.

Тој додаде дека предлог одлуката по која ќе расправа на владината седница има две точки, со што во првата се наведува дека „секој предлог на француското претседателство со Европската унија, земја членка или Европската комисија во врска со одобрувањето за членство на С.Македонија и Република Албанија во Европската Унија и направен во подготовка или одржувањето на состаноците на Комитетот на постојани претставници или на Советот за општи работи, кое отстапува од Рамковната позиција на (бугарскиот) Совет на министри од 2019 година, веднаш да биде испратена од Постојаното претставништво на Република Бугарија во Европската Унија и Комисијата за надворешна политика во Народното собрание“.

Според втората точка, претставниците на Република Бугарија во Комитетот на постојани претставници и во Советот за општи работи не треба да се договорат за предлог од точката 1 до неговата расправа во Народното собрание, а при отфрлањето од страна на Народното собрание да изразат негативен став.

– Секој предлог што се разликува од Рамковниот став веднаш ќе биде испратен до Народното собрание. Додека се расправа во Националното собрание, нема да се даде согласност, а доколку има негативна одлука, автоматски ќе се даде негативен одговор, додаде Петков.

Така, според Петков, ќе се избегнат какви било шпекулации за постапките што ги презема неговата Влада во врска со членство на земјава во ЕУ.

– За ова прашање мора да одлучуваат само и целосно пратениците во Народното собрание. Со тоа треба да заврши оваа дебата. Ова е одлука на Министерскиот совет, категоричен е Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на Македонска радиодифузија за набавка на две теренски возила вреден 57.000 евра

Редакција

11 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 206 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Кој се е дел од владините работни групи за продлабочување на соработката со Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница