еМагазин
Image default
Бизнис

За три месеци 58 нови вработувања во Алкалоид и инвестиции од 178,8 милиони денари

Вкупните инвестиции во основни средства во Алкалоид АД Скопје, во периодот јануари-март 2021 година изнесуваат 178.821.567 денари, информираат од компанијата.

„Во периодот јануари-март 2021 година во „Алкалоид“ се реализирани 58 нови вработувања во Р.С.Македонија.

Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија.

Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето“, велат од компанијата.

Групацијата „Алкалоид“ брои 2.430 вработени, од кои 1.860 се во базата во Скопје, а 570 се вработени во подружниците во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на акцијата на Алкалоид во првите три месеци од годинава стигна до 14.530 денари

„Алкалоид“ за три месеци ја зголеми добивката за 12%

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Настел повторно продаде акции на Реплек, Владимир Пецовски купи

Редакција

Ако продолжи војната во Украина растот ќе биде уште помал: Светска банка за годинава ни предвидува раст на економијата од само 2,7%

Редакција

Висок напон кој дошол до трансформаторот – причина за пожарот во Блок 3 во РЕК „Битола“, покажуваат првичните наоди

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница