еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

За убиство на маж во велешко Долно Караслари приведени сопругата и двата сина

Во Полициската станица во Велес вчера се приведени И.Т.(20). Д.Т.(28) и М.Т.(49) од велешкото село Долно Караслари поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство на нивниот татко и сопруг З.Т. (58), а судија на пртходна постапка им одреди притвор, соопшти МВР.

Како што информира МВР, на 19 јануари годинава М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото.

-По извршената обдукција на телото, утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на лицето, по што од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал при МВР и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот и биле приведени М.Т. (сопруга на З.Т.) и И.Т. и Д.Т. (синови на З.Т.).

По обезбедните докази, тие се предадени на јавното обвинителство, по што се изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд – Велес, каде судијата им одредил мерка притвор, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Здравствен дом Скопје за набавка на масло за горење вреден 115.000 евра

Редакција

Две куќи, стан, три автомобили, земјиште: Каков имот пријавил Нефи Усеини, чија пицерија во Охрид стана топ тема

Редакција

По бурните реакции, Заев го прекина одморот и се појави во беровско Будинарци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница