еМагазин
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

За вакцинираните во Србија: Дигиталниот ЕУ-зелен сертификат го издава српската е-управа, не се симнува преку апликација

Иако во медиумите излезе информација дека македонските граѓани кои се вакцинираа во Србија, може да симнат дигитален ЕУ зелен сертификат, од апликацијата MOJ EU DZS, сепак тоа не е возможно.

Имено, оваа апликација се користи, доколку веќе го поседувате тој сертификат, а не за негово издавање.

За што се работи?

Кога ќе ја симнете апликацијата на мобилен телефон, прво нешто што Ви бара е да го додадете сертификатот. Кога ќе кликнете на копчето „додајте сертификат“ Ви се појавува камера за скенирање на QR кодот.

Но, тука настанува проблем, доколку се обидете да го скенирате Дигиталниот зелен сертификат, кој Ви е издаден при вакцинација во Србија, ќе се појави грешка и се вели „детектираниот QR код не претставува ЕУ дигитален зелен сертификат“.

На оваа апликација може да се скенира ЕУ дигиталниот зелен сертификат, кој е посебен документ кој е-управа на Србија го издава и е посебен документ од Дигиталниот зелен сертификат, добиен при вакцинација.

„Апликацијата работи, потребно е да се превземе ЕУ дигиталниот зелен сертификат од еУправа, а не Дигиталниот зелен сертификат. Тоа се две различни услуги на е-управа, а Дигиталниот зелен сертификат апликацијата не го препознава,“ вели Мирко Обрадовиќ за оваа услуга на апликацијата.

Што би значело, доколку од српската е-управа го немате ЕУ дигиталниот зелен сертификат, апликацијата ви е неупотреблива.

Како да го добиете ЕУ дигиталниот зелен сертификат од српската еУправа

За да добиете ЕУ зелен сертификат, потребно е да бидете регистриран или пријавен корисник на порталот на српската е-управа.

По пријавата, потребно е да се кликне на тастерот  Pokreni uslugu, да се проверат податоците, да се напише бројот на пасош, да се додаде емаил адресата.

Откако ќе се регистрирате, ќе добиете порака дека барањето за добивање на ЕУ зелен сертификат ќе се процесуира за 48 часа.

Српските граѓани го добиваат  ЕУ сертификатот за неколку минути веднаш по регистрацијата, додека за странците тоа не е така.

Откако ќе го добиете ЕУ зелениот сертификат како документ од српската е-управа, тогаш го скенирате со апликацијата и ги користите нејзините придобивки.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонска логика“: Надвор со маска, во кафана без маска

Редакција

Внимавајте на змии периодов, може да се појават секаде

Редакција

Досега спаси 3 животи: Бубрег од 21-годишната девојка-донор успешно трансплантиран кај 27-годишно пациент

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница