еМагазин
Image default
ЖИВОТ

За викендот не очекува сончево време со умерена облачност

Времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Во наредните денови ќе следи период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и постепено потопло.

До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец. Позначително наоблачување се очекува кон крајот на следната работна недела.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Златен септември“, месец за поддршка на децата со малигни заболувања: Годишно во земјава се откриваат 35-40 нови случаи

Редакција

Во четврток, петок и сабота температурата и до 39 степени

Редакција

Се воведува надоместок и за жените со обострана ампутација на дојка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница