еМагазин
Балкан

За влез во Хрватска мора да имате негативен тест за коронавирусот, не постар од 24 часа

Хрватските медиуми пишуваат дека секој што сака да влезе во Хрватска, ќе мора да има негативен тест за коронавирусот, не постар од 24 часа.

„Оние што ќе сакаат да влезат во Хрватска, ќе мора во својата земја да направат ПСР-тест, кој не смее да биде постар од 24 часа.

Само со таа потврда ќе може да влезат во земјата. Тестот е веродостоен, но не е 100 отсто сигурен, па затоа мора да бидеме внимателни“, изјави за ХРТ, директорката на Клиниката за инфективни болести, Алемка Маркотиќ.

Информацијата ја потврди и директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Цапак.

„Првин ја воведовме мерката за оние што доаѓаат во земјата дека мора да бидат во изолација 14 дена. Но, оние што работат во пограничните региони почнаа да прашуваат дали може да ја прекинат самоизолацијата и тоа го практикувавме некое време.

Но, тоа се покажа комплицирано, па воведовме дека може да дојдат само на 72 часа. За продолжениот викенд во Хрватска влегле повеќе од 2.000 луѓе. Сега секој ќе мора да има потврда дека е тестиран на вирусот и само со такви потврди ќе може да влезат во Хрватска“, изјави Цапак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција во јуни ќе ги отвори границите, му кажал грчкиот колега на Филипче

За летување во Грција освен здравствена потврда, можни и меѓудржавни договори, за да матичната земја одговара за туристот

Чини 190 евра: Од денеска тестирање за коронавирусот на аеродромот во Виена за да се избегне карантин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кипар денеска ги отвора аеродромите за 19 земји, Македонија ја нема на листата

Редакција

„Ден на срам во Советот на Европа, за првпат е препорачано членство на нешто што не е држава„: Реакции во Србија

Редакција

Казна од САД: Нема учество за Косово во воената вежба „Дефендер“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница