еМагазин
Image default
Локално

За Водици посебен сообраќаен режим во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров

Во пресрет на верскиот празник Водици (19.01.2019 година), сообраќајната полиција при СВР-Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Така, на 19.01.2019 година во периодот од 10,00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори“ до булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Кеј 13-ти Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.

Во општината Ѓорче Петров од 10,00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по булеварот „Партизански Одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10,00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче. Министерството за внатрешни работи апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На раководител му „снемало“ 333 грла заштитен дивеч од ловиштето во Осогово

Редакција

Осуденици ќе извршуваат општокорисна работа во јавните претпријатија на Град Скопје

Редакција

Измама во Тетово: Полициски советник му зел 5.000 евра за да ја „вработи“ ќерката

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница