еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

“Брза лента“ на аеродромите за 69 истакнати иселеници кои имаат “МКарта“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, официјално ја претстави можноста носителите на МКарта да можат да користат „fast-track“ на аеродромите во Скопје и Охрид, при влегување во државата.

Проектот МКарта беше претставен во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и промоција на Македонија во странство.

Претставувајќи ја погодноста, Османи нагласи дека проектот МКарта претставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во новата средина во која живеат, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Македонија.

– Забрзаниот премин на нашите аеродроми, што се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, претставува симболично препознавање на нивниот труд и квалитет и благодарност на нашите институции и држава, рече Османи.

Додаде дека меѓу носителите има научници, лекари, бизнисмени, културни работници, итн., за кои државата има желба и интерес да бидат дел од севкупниот развој и општествени процеси.

Од МНР посочуваат дека уште при претставување на проектот МКарта, било најавено дека во соработка со другите институции, ќе се работи на дефинирање на симболични поволности, како што е слободен влез на културни настани, музеи и галерии, но и денешното лансирање на забрзан премин на аеродромите во Скопје и Охрид.

Дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство се задолжени да ги детектираат таквите поединци, а изборот кој ќе биде носител на МКарта се реализира во строго предвидена процедура. Досега таква можност добиле 69 наши државјани, припадници на дијаспората.

МИА/Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На маж во Кичево му слошило, паднал од електричен мотоцикл и починал

Редакција

Паркингот во Ист Гејт Мол ќе се наплаќа, почнувајќи од понеделник

Редакција

Пешевски и Миновски не се повеќе советници на Битиќи, се повлекле поради критиките од јавноста

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница