еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Задолжително вакцинирање за сите полицајци во Србија

Министерството за внатрешни работи на Србија, со цел да го заштити здравјето на вработените и со цел на создавање колективен имунитет, донесе одлука сите припадници на полицијата да се вакцинираат против вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград.

Имајќи ги предвид спецификите на полициската работа и постојаниот контакт на полицијата со граѓаните, потребно е сите припадници на полицијата, освен оние за кои вакцинирањето не е можно од здравствени причини, да се вакцинираат, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што е наведено, вакцинацијата против коронавирусот е препорачана мерка од сите релевантни фактори – Кризниот штаб за спречување и сузбивање на инфективната болест Ковид-19, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут”.

Во соопштението се забележува дека вработените се должни, во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа, да ги спроведат сите превентивни мерки на безбедност и здравје при работа, со цел да го зачуваат своето здравје, како и здравјето на другите вработени.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изборниот законик прв чекор, втор чекор промена на цензусот за успешност на референдумот?

Редакција

65-годишен маж пронајден починат во автомобил пред угостителски објект во Хиподром

Редакција

Денеска почнува „Велешка питијада 2022“: Кои се цените и кој се ќе настапи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница