еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Задушница: Денот не претставува гозба за најадените, туку милост кон гладните

Денеска е Задушница кога се оди на гробишта кај покојните и се чита молитва за нивните души. Но и се носи храна, но како е правилно на овој ден.

„Молитвата и милосрдните дела се најпотребното за спасение на душите на покојниците, но и за нашите души.

И само еден гладен да нахраниме, сме направиле повеќе отколку сите формални процедури и обичаи да ги извршиме и најбогатите трпези на светот да ги поставиме врз гробот, за да јадат само оние кои се веќе најадени и не страдаат од глад“, пишува „Покајание.мк“.

Еве, совет и упатство и од нашите свештеници:

„Многумина од Вас ќе отидат на гробишта и ќе однесат многу храна која ќе си ја раздавате, за помен на починатите, меѓусебно. Со тоа чиниме милостина во име на починатиот. Свештениците ќе ги споменат починатите на парастасот.

Но, освен молитвата каква полза би имале починатите од раздавањето на храната кога ја даваме на луѓе кои имаат доволно? Затоа Ве советувам и замолувам да не ги одвраќате сиромашните кои ќе дојдат до Вас и ќе ве замолат да им дадете нешто. Тие навистина ќе ја употребат дадената храна и нема да ја фрлат во корпите. Донирајте храна и во народните кујни, во детските домови, во затворите и интернатите. Секако го правите трошокот. Не бидете робови на формата, размислете и исполнете ја суштината…“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Зачекори со новите LISCA хулахопки: Низ pop-up dance сензација, LISCA ја откри новата колекција на хулахопки

Редакција

Проф. Трајковски прогнозира: „Ковид-19 ќе биде сезонски вирус, а на пандемијата, најдоцна до есен следната година и се наѕира крајот“

Редакција

УХМР со предупредување: Претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница