еМагазин
Image default
Македонија

Заев ја осуди полициската бруталност врз Ромите

Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста, наведува Заев во објавата.

Премиерот истакнува дека за поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан и очекувадека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.

– Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна, додава премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицаец брутално тепаше Ром при приведување

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протест на ВМРО – ДПМНЕ со блокада пред Владата и МНР

Редакција

Чифлиганец: Сум немал никакава средба за „Рекет“, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан

Редакција

Македонскиот разузнавач Грујевски кој беше уапсен во Хрватска останал без пасош

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница