еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Заев, Јанша и Вархеји: Нема друга опција освен европски Западен Балкан, Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите

Премиерот Зоран Заев, како дел од неговата програма со активности на Бледскиот стратешки форум, имаше средба со премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша, во функција на словенечкото претседателство со ЕУ и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

-На средбата беше потврдено дека проширувањето на ЕУ е приоритет на словенечкото претседателство и дека земјите од Западен Балкан треба што е можно поскоро да станат членки на Унијата.

Соговорниците на средбата се согласија дека пречките што се исправија пред овој процес може да се отстранат и за тоа постојат позитивни примери од поблиското минато, информираат од Владата.

Заедничка констатација на премиерите Заев и Јанша и на еврокомесарот Вархеји е дека нема простор за други опции освен европски Западен Балкан и дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите час поскоро.

-На средбата беше кажано дека до крајот на годината има доволно време Бугарија и Северна Македонија да го изодат патот до решение кое ќе ја забрза европската интеграција на цел регион и дека решенијата подразбираат грижа за себе, но и грижа за другиот, соопштуваат од Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка се родија три лавчиња

Редакција

Ескобар од Охрид: Западен Балкан е дел од европскиот проект, САД ќе продолжи со поддршката

Редакција

Заев во одбрана на Анѓушев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница