еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев ќе биде и премиер и министер за финансии: Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски се новите министри

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Обврската министер за финансии ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

– Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.

Заев изрази благодарност до досегашните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ, за како што рече што и служеа на државата и народот извршувајќи ја функцијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев ги „запали“ социјалните мрежи: Ќе биде ем премиер, ем министер за финансии

„Метла ли е, центрифуга ли е?“: Твитер реакции за новите министри и реконструкцијата на Владата

Заев образложи зошто ќе биде и министер за финансии, Тевдовски веројатно останува советник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само три скопски општини со над 100 активни случаи на заболени од корона вирусот

Редакција

(Видео) Во геј бар лидерот на Сириза ја славеше легализацијата на истополовите бракови во Грција

Редакција

Заев верува дека новите министри ќе ги продолжат политиките кои даваат резултати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница