еМагазин
Image default
Македонија

Заев ќе излезе на ТВ дуел со Мицкоски штом каже дека е против бојкот на референдумот

Подготвен сум да прифатам дебата со господинот Мицкоски кога тој јасно и јавно ќе каже дека е против бојкотирањето. Штом тоа ќе го каже, веднаш ќе ја прифатиме дебатата. Ваквите ставови дефинитивно ја ставаат во заблуда иднината на Македонија.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање како ги коментира поканата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ дуел и неговиот став секој да гласа по сопствено убедување на претстојниот референдум.

– Иднината на Македонија заслужува секогаш да се разговара за тоа прашање и од тој аспект бојкотирањето на иднината на Македонија не претставува никаков основ да се седне да се разговара, рече Заев на зедничката прес-конференција во Владата со косовскиот претседател Хашим Тачи.

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за двајца полициски службеници од Велес за примање поткуп

Редакција

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска: Надлежните органи досега не ме контактираа за случајот „Рекет“

Редакција

На граничниот премин Табановце беа пуштени сите ленти за брз проток на возилата, и се чекаше 20 минути

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница