еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски го повика, Заев го прифати предизвикот за да се соочат на ТВ-дуел

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук-профил го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на ТВ-дуел.

„Во изминатите две недели до мене пристигнаа две понуди за ТВ-дуел со Зоран Заев. Првата е на телевизијата „Канал 5“ за 28 февруари во гледаната емисија „Само Вистина“, а втората понуда е проект на телевизијата „Алфа“ што би се емитувал на 12 март.

Јас и двете понуди за ТВ-дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината,“ напиша Мицкоски на неговиот фејсбук-профил.

На ова, одговорија од СДСМ кои во соопштение напишаа дека „ТВ соочувања со претседателот Зоран Заев имало и ќе има.“

„Претседателот Заев и сите претставници на СДСМ во изминативе две и пол години покажаа дека се транспарентни, отчетни и подготвени за дебата како со политичките противници, така и со стручната јавност, новинарите,“ се вели меѓудругото во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешен Ристовски, Нора Шаќири Марковиќ назначена за в.д. директор на НУ Театар Комедија

Редакција

Не била вакцинирана и немала коморбидитети: 29-годишна родилка почина од Ковид-19, бебето е во инкубатор

Редакција

Го прекрши ли Гаши Уставот и Законот за македонски јазик?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница