еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Градоначалниците да не ми изиграваат локални шерифи, туку да им служат на граѓаните достоинствено

Градоначалниците да не ми изиграваат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, порача премиерот Зоран Заев откако беше запрашан од новинарите како ќе реагира на обвинувањата на вработени во општина Лозово кои се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

-Првиот пат кога беа реакциите лично разговарав со градоначалникот и тој ми даде соодветно објаснување и корекции за одредени работи, со новите настани не сум запознаен, оваа недела сигурно дека ќе реагирам затоа што јас сум служител на нашите граѓани и сакам да бидат секогаш во нивна заштита.

Граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна одговорна функција како градоначалник на општина Лозово, не знам детали, не можат да инсинуирам што било, но дефинитивно ќе се заинтересирам за случајот и прва прилика ќе дадам коментар, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Хит на Твитер: На наградна игра на општината Лозово, шпоретот го доби ќерката на градоначалникот, истиот ќе биде дониран

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Рекет“: Боки 13 се пожали на болки, судијката повика Брза помош

Редакција

Аларм: 194 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Редакција

Шест новозаболени од Ковид-19 во тетовскиот регион

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница