еМагазин
Image default
Македонија

Заев и Меркел се слушнале телефонски за престојниот референдум за името

Канцеларката Ангела Меркел во денешниот телефонски разговор со премиерот Зоран Заев ја потврдила поддршката на Германија за постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција. Воедно дала поддршка и на напорите на Владата за зајакнување на европските и атланските перспективи на државата.

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците заклучиле дека референдумот е врвен демократски чин и одраз на определбата на граѓаните за иднината на државата.

Премиерот Заев ја информирал Меркел за текот на подготовките за претстојниот референдум и посочил дека Владата е силно посветена на организирањето фер, демократски и транспарентни услови за реализација на демократското изјаснување на граѓаните.

Премиерот истакнал и дека Владата активно продолжува со реформиските напори во насока на исполнување на условите од заклучоците на Европскиот совет од јуни годинава, особено во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот и реформите во јавната администрација и разузнавачките служби.

Заев и Меркел разговарале и за конкретни чекори за зголемување на економската соработка меѓу двете држави, како и за други актуелни билатерални и регионални прашања.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каракачанов контра Пендаровски: Бугарија да не гласа за почеток на преговори со ЕУ додека не се расчистат историските фалсификати

Редакција

Со 101 глас Собранието ја избра преодната Влада

Редакција

Таткото на Вања доби 30-дневен притвор заедно со уште тројца осомничени за убиството на Вања и Панче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница