еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев и Рашковски во образложението зошто црногорски бизнисмен е ставен на црната листа на САД

Поранешниот македонски премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски се спомнати во образложението на американското Министерство за финансии, зошто црногорскиот бизнисмен Мидраг Дака Давидовиќ е ставен на т.н. црна листа на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои фирми поврзани со Сергеј Самсоненко и Ратка Камчева се ставени на црната листа на САД

Во одлуката за Давидовиќ меѓудругото пишува: „Тој беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Драги Рашковски, главен советник на поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев.

Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со премиерот Заев за да ги унапреди бизнис неговите бизнис интереси.

Од 1991 до 1992 година, Давидовиќ беше министер за трговија во владата на самопрогласениот Српски автономен регион (ДЗР) на БиХ“.

Во одлуката се вели и Давидовиќ со децении перел пари за криминални синдикати, зајакнувајќи го своето влијание и вршејќи го својот криминален потфат на шверц со цигари, нафта и оружје во Црна Гора.

Тој е посочен за одговорност или соучесник во, или директно или индиректно вмешан во корупција поврзана со Западен Балкан, вклучително и корупција од, во име, или на друг начин поврзан со влада на Западен Балкан, или актуелен или поранешен владин функционер на кое било ниво на власт во Западен Балкан, како што е злоупотреба на јавниот имот, експропријација на приватни средства за лична корист или политички цели или поткуп.

Давидовиќ е означен и како одговорен или соучесник или директно или индиректно вклучен во акции или политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ратка Камчева, Сергеј и Ирина Самсоненко се новите имиња на црната листа на САД

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот министер за земјоделство Николовски ќе стане татко

Редакција

СДСМ го одржа 25. Конгрес: Претседателот на партијата ќе го избираат сите членови на избори

Редакција

Партијата на Борисов би подржала отстапки што би ги направила Владата на Петков кон Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница