еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Нашата намера не е да го укинеме предметот историја

Нашата намера не е да ги укинеме предметите историја, географија, физика или биологија во образованието. Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставните содржини кои се вишок и не им се потребни на учесниците со цел да добијат дополнително можност за општествени и социјални дејности во рамки на времето кое го поминуваат во училиште, истакна премиерот Зоран Заев, појаснувајќи го новиот концепт на основно образование кој го најави Министерството за образование и наука (МОН), а кој изминатите денови предизвика реакција во јавноста.

Заев нагласи дека нема да се брза со оваа реформа, иако, како што рече, таа е важна и треба час поскоро да се започне. Премиерот посочи дека внимателно ќе се слушнат сугестиите од сите засегнати страни.

„Тука е експертската јавност, тука се универзитетите, тука се наставниците, професорите, но и стручните служби од МОН, Бирото за развој на образованието, Педагошката служба и сите релевантни институции за ова прашање“, рече Заев.

Со новиот концепт за основно образование се планира спојување на историјата со географија и граѓанско општество, а на биологијата со физика и хемија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час го прекршиле 21 лице, изречени 584 казни за неносење маска

Редакција

Во Прилеп и Пласница по еден, во Долнени уште двајца новозаразени со коронавирусот

Редакција

Нова епизода од „Рекет“: Во главна улога Ана Камчева

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница