еМагазин
Image default
Бизнис

Заев не сакал да биде ист како претходната власт, па ќе бара чаре за партиските вработувања

Премиерот Зоран Заев на денешното отврање на салата за јавни услуги „Една точка за услуги” на новинарско прашање во врска со партиските вработувања рече дека на граѓаните гледа како еднакви и рамноправни.

„Ние не можеме да ги ограничиме младите луѓе кои членуваат и не членуваат во партија. Но етичкиот основ, јавноста го доловува. Не само законот, туку и етичкиот дел треба јасно да го поставиме. Болно е прашањето кога гледаме вработувања на членови на семејства кои се партиски припадници, а други чекаат работа. Тоа не е фер. Апелирам, работам, разговарам со луѓето. Oдредени чекори ќе се преземат со одредени функционери и од парламентарната и од извршната власт, верувам и од локалната власт за да можеме да се корегираме, бидејќи не сакам да бидам ист како претходните. Ќе креираме политики. Побаравме поддршка од граѓански организации, да ни помогнат. Сакаме да ни помогнат да изградиме систем на вредности“, одговори Заев.

Тој рече дека има голема разлика со претходната Влада, но и слабостите се покажале.

„Медиумите се сериозен коректив на слабостите и аномалиите кои се случуваат во општеството. Ги поздравувам позитивните примери на исчекор на повлекување на одредени членови на семејствата кои се партиски припадници. Точно е дека има партиски припадности во вработувањата, но поголемиот дел се луѓе кои се бираат на конкурси. За жал поради големата миграција и напуштања на работни места, имаме дефицит, никаде не можеме да најдеме луѓе. Ако зборуваме за член на семејство кое има партиска припадност, а е кадар што го бараме како специјалист, архитект, градежник, информатичар дали треба да се повлече? Тоа го кажувам не да избегнеме одговорност, туку да се направи јасна дистинкција“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев за Бектеши: Секој со својата одговорност

Министерот Бектеши нема да бара од сестрата и шурнајката да ги напуштат работните места во МЕПСО И ЕЛЕМ

Генералниот секретар на СДСМ, Кирацовски побарал од дедо му да си даде отказ

Твитер го „подбра“ синот на пратеникот Мисовски: „Чак смо и хистерични“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Линк медиа плус“ го доби тендерот за новогодишно украсување на Скопје „тежок“ 260.000 евра

Редакција

Макстил со умерено оптимистички очекувања за четвртиот квартал

Редакција

Струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници, најави Бектеши

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница