еМагазин
Image default
Македонија

Заев не знае дали Рашковски е надвор од земјава, ќе провери, па ќе каже

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев не знае дали поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е надвор од земјава. Утре ќе провери и ќе и соопшти на јавноста, рече попладнево на прес-конференција.

Како што истакна Заев одговорајќи на новинарски прашања, секој има право на одмор, но и да одлучува сам.

-Верувајте, јас за сите вработени или ангажирани во Владата ниту се обидувам да имам контрола, ниту знам. Тие си имаат право на свој одмор, право на одлучување. Предмалку стигнав од Луксембург. Не знам.

Денеска имав состанок само со министерот за земјоделство, преземаме одредени активности за тутунот, се слушнав и со министерот Филипче со кој подоцна ќе имам состанок за новите состојби во здравството и секако, со дел од мојот Кабинет заради тековни активности. но, јас ќе проверам уште утре и ќе ја соопштам информацијата, истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска отвори предмет за набавката на софтвер од Драги Рашковски, Заев вели дека се е во ред

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скандал: Македонци кои гласааат на референдумот во Мелбурн се снимаат и објавуваат на Фејсбук страна „предавници“

Редакција

Руско МНР: САД организираа нефер гласање во македонскиот Парламент

Редакција

Владата донела одлука да му додели државјанство на украинскиот политичар врз основа на мислењето на релевантните институции, вели Ковачевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница