еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев по состаноците на раководството на СДСМ: Останувам да помогнам да се стабилизира мнозинството и ако може да се зголеми

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев доцна синоќа изјави дека на синоќешните седници на Извршниот и Централниот одбор на партијата не се дискутирало, ниту се одлучувало за неговите оставки на челните позиции во партијата и Владата, додавајќи дека останува „да помогне за да се стабилизира парламентарното мнозинство и по можност да се зголеми“.

– Слободата е убава работа. Денеска имаме одлука на Централниот одбор за одложување на оставките. Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по нив.

Кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам да се задржи мнозинството и ако може да се зголеми. Очекувам демократското мнозинство да се стабилизира, особено она мнозинство кое е за ЕУ, за мултиетничко општество.

Деновите се пред нас, секако тоа ќе го дознаеме сите, рече Заев по седниците на највисоките органи на СДСМ.

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата, Зоран Заев да ги одложи оставките се додека не се нормализираат процесите во државата.

Заев оставките ги најави вечерта по одржувањето на локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раководството на СДСМ едногласно одлучи Заев да ги одложи оставките од премиер и лидерското место во партијата

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Твитер“ коментари за Ристиќ: Па и да била пијана, кој нормален може да се соочи со трезна глава со сите ваши/наши ѓубриња?

Редакција

Фруктал Мак лани со намалена добивка

Редакција

Вчера низ Македонија изгаснати 18 пожари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница