еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Потпишав оставка на премиерската функција

Премиерот Зоран Заев утрово изјави дека ја потпишал оставката, по што се очекува претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која ќе биде констатирана оставката.

„Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за во текот на денот да може да почне процедурата и да се завршат работите за избор на преодната влада“, рече Заев во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободен печат.

Тој очекува целата постапка да помине без проблеми, потсетувајќи дека праксата за формирање преодна влада е воспоставена уште во 2016 година на барање на СДСМ кои тогаш беа опозиција.

По коснтатирањето на оставката, претседателот на Собранието го известува претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од највисоките партиски тела на СДСМ беше предлогот за технички премиер, а за кого има согласност и од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски потоа треба да ја предложи новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во периoдот до изборите и формирањето на новата влада.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оставката на Заев ударна вест во Грција

Не се враќа во Струмица: Премиерот Заев денеска ќе поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 имал отоци и огреботини во пределот на главата, шаката, рачен зглоб и надлактица, не е хоспитализиран

Редакција

На Атиџе и се оствари уште една желба, ќе стане пејачка

Редакција

Секоја родилка позитивна на корона вирусот во болницата во Куманово може безбедно да се породи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница