еМагазин
Image default
Македонија

Заев предложи разрешување на Лидија Димова

Премиерот Зоран Заев на денешната 13-та владина седница ги информираше членовите на Владата дека го прифатил барањето на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, да му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова, заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

„Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување, и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност“, се наведува во соопштението од владината седница.

На седницата Владата, Висара Риза е разрешена од должноста в.д. директор на Агенцијата за лекови и медицински средства и на таа позиција е именуван Лирим Шабани.

„На денешната седница Владата го донесе Решение за измена и дополнување на Решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, при што за претседателка на Комисијата е назначена министерката за култура проф. д-р Ирена Стефоска“, информира владината Прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидија Димова не дава оставка по обвинувањата за злоупотреба на пари од програмата „Еразмус“

Лидија Димова: Невистините и клеветите ќе ги докажуваме на суд

Европската Комисија отвори истрага по наводите за злоупотреба со фондовите Еразмус плус во Македонија

Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација

Фото: ТВ 21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внатрешната контрола на МВР ќе го разгледува приведувањето на Фуркан Салиу

Редакција

МВР во потрага убиецот на Нешковски, Игор Спасов во бегство

Редакција

Убава вест: Излекувани уште 47 пациенти од коронавирусот, вкупната бројка 992

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница