еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев се сретна со Црвенковски: Заедно ќе бараат проширувањето на ЕУ да излезе од крстопат

Премиерот Зоран Заев денеска го прими поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, кој на оваа средба дојде во својство на член на Подгорочкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на средбата, поранешниот претседател Црвенковски го информираше премиерот Заев за иницијативата Подгорочкиот клуб да организира регионална конференција во Скопје на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ на почетокот на јуни, оваа година.

Целта на оваа конференција, како што на средбата истакнал Црвенковски, е да се поттикне и обезбеди поддршката за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со декларација која од конференцијата ќе им биде испратена на лидерите на Европската Унија со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво што би произлегло од евентуалното одлагање на овој процес, се наведува во соопштението.

Заев ја прифатил поканата да ја поддржи конференцијата и да биде домаќин на прием што по тој повод ќе биде одржан за учесниците на настанот, стои во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Што треба да знаете за крипто-валутите и вложувањето во нив

Редакција

Поднесено барање за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски: Екс-премиерот се поблиску до Идризово

Редакција

Казнети 463 граѓани за неносење маски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница