еМагазин
Image default
Македонија

Заев на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана

Денеска премиерот Зоран Заев ќе оствари еднодневна работна посета на Република Албанија.

„Премиерот Заев ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан. Со Самитот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово, Албин Курти, на Србија, Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија,“ се вели во соопштението од Влада.

Заев заедно со премиерот Рама на маргините на Самитот ќе го потпишат и Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Албанија и Македонија.

Премиерот Заев попладнето и свечено ќе го отвори Културниот центар на Македонија во Тирана.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најнови податоци од ДИК: Излезноста 41.85%, Пендаровски освоил 323.892, Силјановска 319.364, а Река 79.921 гласови

Редакција

Вечерва средба на Ковачевски со коалициските партнери за влезот на Алијанса за Албанците во Владата

Редакција

Четврти случај на делта сојот во Македонија, за четворица се чекаат резултати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница