еМагазин
Image default
Локално

Загина 35-годишник во Марена, со камион кипер закачил далекувод за струја

Загина 35-годишник во кавадаречкото село Марена. Со камион кипер, додека работел, закачил 110 киловолтен далекувод за струја. Несреќниот случај за МИА го потврдија од МВР.

Доктор Ратко Грков од Итна медицинска помош Кавадарци потврди за МИА дека веднаш по пријавата на случајот, медицинска екипа заминала на лице место.

-Пронајдовме лице без знаци на живот. Се обидовме да му пружиме помош и да го реанимираме, но залудно, констатиравме смрт кај лицето, рече Грков.

Неофицијално загинатото лице е од Росоман, а во моментов се врши увид на местото на несреќата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Украден паричник од починато лице од Ковид-19 во клиничкиот центар во Скопје

Редакција

Убиениот полицаец од Велес имал условни казни за изнуда и закани по живот и за сообраќајна несреќа во која пијан удрил во шест малолетници

Редакција

Седумдесет и тригодишник бил нападнат од 80-годишен кавадарчанец во Ваташа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница