еМагазин
Македонија

Захариева: Бугарија наскоро ќе донира вакцини на Северна Македонија

Наскоро ќе донираме вакцини за Северна Македонија, кога ќе имаме доволно количества од ЕУ, вели министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, јави дописникот на МИА од Софија.

Таа за телевизијата БТВ изјави дека доцнењето се должело и на механизмот КОВАКС, каде Бугарија е исто така учесник.

„Сега започнува редовното снабдување со вакцини од страна на ЕУ и се надевам дека наскоро ќе ја имаме оваа можност. Бугарија наскоро ќе достави вакцини во Северна Македонија.

Јас навистина сакам односите меѓу Бугарија и Северна Македонија да се вратат во нормала. Мислам дека ако ги намалиме емоциите, има начин да се најде договор,“ додава Захариева.

Таа ги коментираше и информациите од Северна Македонија, по објавата на тендерот за изградба на пругата до границата со Бугарија.

– Дај Боже да има многу кандидати и да се изгради Коридорот 8, не е нормално да нема железничка врска меѓу двете земји. Осудени сме да успееме, категорична беше министерката Екатерина Захариева.

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ за утре закажа седници на Централниот и Извршниот одбор

Редакција

До средината на јануари треба да заврши процедурата за промена на македонскиот Устав

Редакција

Убава вест: Во Дебар 45-ти ден нема новозаразени со корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница