еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарската министерка Захариева: Гоце Делчев сам се изјаснил како Бугарин, нема да правиме компромис со вистината

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која во Софија имаше средба со македонскиот колега Никола Димитров, за имплементацијата за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за бугарските медиуми брифира дека Бугарија нема да прави компромиси за историјата со Македонија.

„Нема да правиме компромис со вистината. Од Северна Македонија не сакаме ништо повеќе од вистината“, изјави Захариева за бугарска Нова во врска со откажувањето на Бугарија заеднички со Македонија да го чевствуваат Гоце Делчев на 7. октомври, денот кога Георги Димитров ги предал на Македонија останките на Делчев.

Според Захариева предавањето на останките на Македонија е едно од најголемите предавства кон Бугарија.

Гоце Делчев сам се изјаснил како Бугарин, вели таа.

Според Захариева едно од основните нешта кои Бугарија ги очекува од Северна Македонија е да се сменат учебниците по историја.

Таа за Нова го коментира и членството на Македонија во Европската Унија (ЕУ) и нагласува дека започнувањето на преговори со ЕУ не е гаранција за влез на Македонија во Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бугарите викаат Гоце Делчев бугарски пасош имал“: Твитер реакции на изјавите на Захариева и Каракачанов

Бугарскиот вицепремиер Каракачанов: Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин

Македонските и бугарските историчари се усогласија за антиката, за Гоце Делчев ставовите ќе се „пеглаат“ во септември

Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетник уценувал маж од Битола кој му пратил експлицитни фотографии

Редакција

Обвинителството денеска изведуваше докази на судењето за „Софтвери”

Редакција

(Видео) Уапсен, па ослободен српскиот новинар Немања Шаровиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница