еМагазин
Балкан

Захариева во самоизолација по средбата во Берлин, нема информација дали член од македонската делегација ќе се самоизолира

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева е во самоизлација и се чека резултатот од нејзиниот ПЦР-тест, соопшти бугарското МНР.

Таа се самоизолирала откако заменик министерот Петко Дојков, кој бил дел од делагацијата на состанокот во Берлин во понеделникот со делегацијата од Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија бил позитивен на брз тест за Ковид-19.

Захариева нема симптоми, и е во добра општа состојба и продолжува да ги извршува своите службени должности. Иако резултатот од брзото тестирање не е основа за карантин, потребно е таа да се изолира. Резултатите на заменик министерот Дојков се уште не потврдени со ПЦР тест, информраат од бугарското МНР.

Покрај Захариева и Дојков, во карантин се сите членови на бугарска делегација која беше во Берлин.

На средбата со Захариева во Берлин на покана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и на министерот за Европа, Миахел Рот присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и шефот на димпломатијата Бујар Османи.

Од СЕП и од МНР засега нема информација дали и некој член од македонската делагација што беше во Берлин ќе треба да оди во самоизолација.

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Меѓу загинатите и две деца: Маж во Албанија уби осум и рани шестмина свои роднини

Редакција

Во српски праски откриено високо ниво на пестицидот хлорпирфос

Редакција

Експлозија на водниот канал кај Зубин Поток, косовската полција оцени дека е терористички чин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница