еМагазин
Image default
Балкан

Закани за лажни бомби во Србија испраќани од Полска, Украина, Словенија, Русија

Српската полиција во соработка со Обвинителството за организиран криминал идентификуваа вкупно 19 електронски адреси – 18 адреси на „џимаил“ (Gmail) и една е-пошта на ПротонМаил (ProtonMail), од каде се испратени заканувачките пораки за поставени бомби на различни локации во Србија.

Утврдено е дека осум такви закани пристигнале од Полска, четири од Гамбија, по две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и од Русија.

Припадниците на српската полиција идентификувале и лице, кое во текот на вчерашниот ден, телефонски упатило закани со иста содржина, јавија српските медиуми.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија денеска на избори, Мицкоски „навива“ за Борисов

Редакција

Кој го уби навивачот на АЕК, Грците велат хрватски, Хрватите грчки навивач

Редакција

(ВИДЕО) Албанскиот премиер Еди Рама на гласање во бермуди

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница