еМагазин
Бизнис

Заменик главниот извршен директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан, се приклучува на лидерскиот тим на ACI Europe

Заменик главниот извршен директор на турскиот холдинг ТАВ Аеродроми, кој е дел од групацијата АДП, Серкан Каптан, е избран за член во Одборот на Меѓународниот Совет на Аеродроми – Европа (Airports Council International-Europe), за време на годишното генерално собрание на оваа организација, коешто се одржува во Женева, информираат од компанијата.

„Воздухопловната индустрија минува низ едно од најпредизвикувачките времиња во својата историја. Натамошната нормализација бара заеднички стандарди договорени од страна на носителите на одлуки, играчите во индустријата и засегнатите страни.

ACI – Europe игра важна улога во овој поглед, како глас на европските аеродроми. Чест ми е што сум избран во Одборот на ACI-Еurope и со нетрпение очекувам да придонесам за закрепнување на индустријата“, рече Каптан, по повод неговото назначување во Одборот на ACI Europe.

Како ентузијаст кон авијацијата, со речиси 30 годишно работно искуство, Серкан Каптан ја почнал својата кариера во Birgenair Charter Group во 1991 година како оперативен супервизор.

Потоа, четири години работел како консултант на Airport Consulting Vienna (ACV), пред да се приклучи на ТАВ Аеродроми во 2002 година.

Од 2006 година, Каптан ги води следните сегменти во ТАВ Аеродроми: развој на бизнисот, стратегија, маркетингот кон авиокомпаниите, истражувањето и развојот, како и инвестициските активности во групацијата.

Каптан беше назначен за заменик главен извршен директор на ТАВ Аеродроми во 2016 година и тој го надгледува бизнисот на групацијата на 92 аеродроми во 26 земји, вклучувајќи го и македонскиот пазар со двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.

Каптан, исто така, е член на одборите на сите подружници на ТАВ Аеродроми, вклучувајќи ги аеродромите во Анталија, Медина и Загреб, како и во компаниите за земјени операции – ТГС, ЈВ на Туркиш ерлајнс и Хаваш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во 2022 година преживеавме, во 2023 година или одиме напред или потонуваме, вели Азески

Редакција

Јовановиќ: Банките ќе профитираат 100 милиони евра од корона вирусот

Редакција

Продаден блок акции од „Алкалоид“ за 239.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница